За е-учебници

Во дигиталната библиотека може да ги погледнете учебниците кои се одобрени за употреба во основното и среднотообразование, а со користење на современи технологии за дигитално публикување истите можете бесплатно да ги преземете во било кое време и од било кое место.

Објавени се сите учебници кои имаат одобрение за употреба во основните и средните училишта, освен учебниците кои Одделението за набавка на учебници, поради заштита на авторските права, не е во можност да ги објави.

Учебниците се поделени на основно и средно образование, а средното образование е поделено на средно гимназиско и средно стручно.

Дигиталните учебници за средно гимназиско образование не се објавени и истите не можат да се преземат бидејќи се во сопственост на Издавачките куќи и за нив Министерство за образование и наука не е во можност да изврши откуп на авторски права. Од тие причини објавени се само дигитални содржини на неколку учебника, кои се во сопственост на Министерството.

Дигиталните учебници за средно стручно образование можете да ги преземете на сите наставни јазици на кои се изведува наставата и истите се поделени по струки/сектори, образовни профили/ квалификации и година на изучување.