Добредојдовте на порталот за електронски учебници, проект на Министерството за образование и наука. Порталот претставува дигитална библиотека за чување, пребарување и разгледување на електронски учебници наменети пред сe за ученици во основно и средно образование, но и за нивните наставници и родители.
Со користењето на ресурсите на овој портал им се овозможува на учениците бесплатно превземање на учебниците со цел истите да им помогнат во совладување на наставните содржини на еден иновативен и интересен начин, а на наставниците во подготовка и презентирање на наставниот материјал со помош на информатичките технологии. Во иднина овој портал, прв од овој вид, ќе прерасне во основен ресурс за пристап до огромен број електронски учебници од едно централно место.
Ви посакуваме пријатна и успешна работа.
Во дигиталната библиотека може да ги погледнете учебниците кои се одобрени за употреба во основното и среднотообразование, а со користење на современи технологии за дигитално публикување истите можете бесплатно да ги преземете во било кое време и од било кое место.
Објавени се сите учебници кои имаат одобрение за употреба во основните и средните училишта, освен учебниците кои Одделение за набавка на учебници, поради заштита на авторските права, не е во можност да ги објави.
повеќеПедагошката служба е орган во состав на Министерството за образование и наука која се состои од еден сектор и три одделенија. Со работите на органот во состав раководи директор.
На 25 јули 2008 година е донесен Законот за учебници за основното и средното образование. Со овој закон се пренесоа ингеренциите за учебници кои дотогаш беа регулирани со Законот за основно образование и Законот за средно образование, на Педагошката служба. Целата постапка околу одбрување, а подоцна и печатење на учебниците премина во надлежност на Педагошката служба.
повеќе