
преземања
За е-учебници
Во дигиталната библиотека може да ги погледнете учебниците кои се одобрени за употреба во основното и среднотообразование, а со користење на современи технологии за дигитално публикување истите можете бесплатно да ги преземете во било кое време и од било кое место.
Објавени се сите учебници кои имаат одобрение за употреба во основните и средните училишта, освен учебниците кои Одделение за набавка на учебници, поради заштита на авторските права, не е во можност да ги објави.
ПовеќеПедагошка служба
Педагошката служба е орган во состав на Министерството за образование и наука која се состои од еден сектор и три одделенија. Со работите на органот во состав раководи директор.
На 25 јули 2008 година е донесен Законот за учебници за основното и средното образование. Со овој закон се пренесоа ингеренциите за учебници кои дотогаш беа регулирани со Законот за основно образование и Законот за средно образование, на Педагошката служба. Целата постапка околу одбрување, а подоцна и печатење на учебниците премина во надлежност на Педагошката служба.
Повеќе