Педагошка служба

Педагошката служба е орган во состав на Министерството за образование и наука која се состои од еден сектор и три одделенија. Со работите на органот во состав раководи директор.

На 25 јули 2008 година е донесен Законот за учебници за основното и средното образование. Со овој закон се пренесоа ингеренциите за учебници кои дотогаш беа регулирани со Законот за основно образование и Законот за средно образование, на Педагошката служба. Целата постапка околу одбрување, а подоцна и печатење на учебниците премина во надлежност на Педагошката служба.

Со Законот за учебници за основно и средно образование се носи и регулира и постапката за бесплатни учебници за учениците од основното и средното образование. Постапувајќи согласно одредбите од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/2008, 99/2009, 83/2010, 36/2011,135/2011, 46/2012, 24/2013, 120/2013, 29/2014, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18 ) Педагошката служба за прв пат објавува списоци на учебници кои се употребуваат пет учебни години и списоци на учебници кои се заменуваат секоја учебна година.

Педагошката служба се залага за воведување нови, повисоки и европски стандарди во изготвувањето на учебниците и унапредување на учебникарската дејност во Република Македонија. Воведувањето напредни техники и примена на нови научни методи во изготвување на учебниците,придонесува за поквалитетен воспитно-образовен процес во училиштата во Република Македонија. Педагошката служба е ефикасна и стручна административна служба во функција на обезбедување на неопходните учебници и дополнителни материјали за редовно функционирање на училиштата

Директор м-р Вангелија Велева