За е-учебници

Во дигиталната библиотека може да ги погледнете учебниците кои се одобрени за употреба во основното и среднотообразование, а со користење на современи технологии за дигитално публикување истите можете бесплатно да ги преземете во било кое време и од било кое место.

Објавени се сите учебници кои имаат одобрение за употреба во основните и средните училишта, освен учебниците кои Одделение за набавка на учебници, поради заштита на авторските права, не е во можност да ги објави.

Учебниците се поделени на основно и средно образование, а средното образование е поделено на средно гимназиско и средно стручно.

Дигиталните учебници за основно образование за кои Министерство за образование и наука има откупени авторски права може да ги преземете на сите наставни јазици на кои се изведува наставата, а дигиталните содржини за изборните предмети можете да ги преземете на јазикот на заедницата за која е наменет учебникот (влашки,ромски,босански).Тука можете да ги преземете и дигиталните содржини на одредени учебници кои во соработка со Невладината организација „Отворете ги прозорците“ се адаптирани за учениците со ПОП.

Дигиталните учебници за средно гимназиско образование не се објавени и истите не можат да се преземат бидејќи се во сопственост на Издавачките куќи и за нив Министерство за образование и наука не е во можност да изврши откуп на авторски права. Од тие причини објавени се само дигитални содржини на неколку учебника, кои се во сопственост на Министерството.

Дигиталните учебници за средно стручно образование можете да ги преземете на сите наставни јазици на кои се изведува наставата и истите се поделени по струки, образовни профили и година на изучување.