Педагошката  служба е орган во состав на Министерството за образование и наука која се состои од еден сектор
		и три одделенија. Со работите на органот во состав раководи директор. 
		
			На 25 јули 2008 година е донесен Законот за учебници за основното и средното образование. Со овој закон се 
		пренесоа ингеренциите за учебници кои дотогаш беа регулирани со Законот за основно образование и Законот за 
		средно образование, на Педагошката служба. Целата постапка околу одбрување, а подоцна и печатење на учебниците 
		премина во надлежност на Педагошката служба. 
		
			Со Законот за учебници за основно и средно образование се носи и регулира и постапката за бесплатни учебници
		за учениците од основното и средното образование. Постапувајќи согласно одредбите од Законот за учебници за 
		основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/2008, 99/2009, 83/2010, 36/2011, 
		135/2011, 46/2012, 24/2013, 120/2013, 29/2014, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18 ) Педагошката служба за прв пат објавува
		списоци на учебници кои се употребуваат пет учебни години и списоци на  учебници кои се заменуваат секоја 
		учебна година.
		
			Педагошката служба се залага за воведување нови, повисоки и европски стандарди во изготвувањето на 
		учебниците и унапредување на учебникарската дејност во Република Македонија. 
		
			Воведувањето напредни техники и примена на нови научни методи во изготвување на учебниците, придонесува
		за поквалитетен воспитно-образовен процес во училиштата во Република Македонија.
		
			Педагошката служба е ефикасна и стручна административна служба во функција на обезбедување на неопходните
		учебници и дополнителни материјали  за редовно функционирање на училиштата.
		
			
			Директор
            м-р Вангелија Велева
			
		
                Добредојдовте на порталот за електронски учебници, проект на Министерството за образование и наука. Порталот
            претставува дигитална библиотека за чување, пребарување и разгледување на електронски учебници наменети пред сe
            за ученици во основно и средно образование, но и за нивните наставници и родители.
        
                Со користењето на ресурсите на овој портал им се овозможува на учениците бесплатно превземање на учебниците со
            цел истите да им помогнат во совладување на наставните содржини на еден иновативен и интересен начин,
            а на наставниците во подготовка и презентирање на наставниот материјал со помош на информатичките технологии.
            Во иднина овој портал, прв од овој вид, ќе прерасне во основен ресурс за пристап до огромен број електронски
            учебници од едно централно место.
            Ви посакуваме пријатна и успешна работа.
        

                Mirë se vini në portalin për tekstet elektronike, projekt i Ministrisë së Arsimit dhe Shkencës. Portali paraqet një bibliotekë
		dixhitale për ruajtjen, kërkimin dhe rishikimin e teksteve elektronike, kryesisht i dedikuar për nxënësit earsimit fillor dhe
		të mesëm, por edhe për mësimdhënësit dhe prindërit e tyre.
        
                Më shfrytëzimin e resurseve të këtij portali nxënësve ju mundësohet shkarkimi falas i librave, me qëllim për të ju ndihmuar
            në mësimin e përmbajtjeve mësimore në një mënyrë më inovative dhe interesante, dhe të ju ndihmon mësimdhënësve në përgatitjen
 	    dhe paraqitjen e materialit mësimor me përdorim të teknologjisë informative. Në të ardhmen ky portal, i pari i këtij lloji, do të
	    bëhet burimi primar për qasje në një numër të madh të librave elektronike nga një vend qendror.
            Ju dëshirojmë një punë të këndshme dhe të suksesshme.